Столтенберг: Не гледаме воена закана во регионот, но сепак има дополнителни илјада трупи во Косово

Од:

Денеска ги дискутиравме стратешките прашања на НАТО, но и состојбата на Западен Балкан, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот кој се одржа во Скопје. Тој вели дека не гледа воена закана против било која од земјите во регионот, но и покрај тоа го зголемиле присуството на војници во Косово.

„Сметам дека треба да разбереме зошто овој регион е од толкава важност. Ние не гледаме некоја воена закана против сојузниците на НАТО, но она што го гледаме е зголемување на тензиите, особено во Косово, но не гледаме директна воена закана против која било од земјите во регионот. Загрижени сме за настаните во земји од овој регион, но треба да се разбере силата и важноста на НАТО. На Косово го зголемивме присуството со потешко вооружување и околу 1000 дополнителни трупи и секако, ние сме претпазливи, одблизу ја гледаме ситуацијата и ќе направиме се што е потребно за да се заштитат сите сојузници. Кога нашите соседи се постабилни, ние сме посигурни“, рече Столтенберг.

Според него, има и сајбер закани, но и загрозување на демократскиот интегритет.

„Има причини за загриженост, кревка безбедносна состојба на Косово и заостанати преговори меѓу Белград и Приштина. Авторитарните држави како Русија го загрозуваат нашиот демократски интегритет со сајбер закани. Јас им се обраќам на сите во регионот. На секоја средба посочив дека е важно да се дијалогот и дипломатијата во однос на конфликтот и војната. И барањата во Босна и Херцеговина го загрозуваат мирот. Дијалогот е суштински за Белград и Приштина. Време е да се надминат регионалните конфликти кои што премногу траат“, кажа тој.

Столтенберг посочи дека дискутирале и за агресијата во Украина и од страна на Русија. Според него, двете страни треба да престанат да бидат во конфликт.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Не се чекаат 48 часа за потрага: Како тече постапката за пријавување исчезнати малолетници во Македонија?

Александар Тодески

На работа само до 12 – и на 29 ноември скратено работно време за администрација и училиштата поради состанокот на ОБСЕ

А1он

Снегот и ветрот турнаа и бандери, една падна врз автомобил

Александар Тодески

Ковачевски: Граѓаните треба да бидат среќни, живеат во држава со исклучително ниво на безбедност

А1он

(ВИДЕО) Ристовски: „Северна“ ќе ја избришеме со изјава за ништовност, не мора да има уставни измени

Александар Тодески

Ердоган го одобри влезот на Шведска во НАТО, предлогот оди во турскиот парламент