Столтенберг не ги коментира изјавите на Заев

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, одговарајќи на новинарско прашање не ги коментираше изјавите на премиерот Зоран Заев за македонскиот јазик и Македонците во Грција. Столтенберг не сакаше да влегува во детали за изјавата на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, дека разговарале за овие изјави на Заев ниту дали тие се проблем за Преспанскиот договор и влезот во НАТО.

– Имавме добра средба со грчкиот алтернативен министер и утре ќе имаме средба каде ќе разговараме за Западниот Балкан вклучително и Договорот за името, рече Столтенберг.

Тој ги повтори истите пораки на НАТО дека Македонија ќе биде примена како 30-та членка на Алијансата штом се комплетира Договорот од Преспа.

– Се надевам дека ќе биде целосно имплементиран, штом тоа се случи ние сме подготвени да го потпишеме пристапниот протокол и да ја примиме ПЈРМ како триесетта членка, рече Столтенберг.

Тој рече дека ќе се „воздржи“ од детали и посочи дека сите НАТО – членки се сложни да ја примат Македонија под новото име, Северна Македонија, штом се имплементира Договорот.

– Се надевам дека тоа ќе се случи наскоро, рече тој.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени