А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Столтенберг: Македонската полиција докажа во Куманово дека може да се справи со ситуацијата

by А1он11/05/2015 - 13:3798
Share0

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, попладнево на прес-конференција во седиштето на Алијансата во Брисел ја пофали македонската полиција за успешното справување со терористичкиот напад на земјата и посочи дека Министерството за внатрешни работи на Македонија успеало да се справи со предизвикот.

Добивај вести на вибер

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг денеска го најави состанокот на ниво на министри за надворешни работи на земјите-членки и земјите-партнери на НАТО што пред крајот на неделава ќе се случи во Анталија (Турција), на кој потврди дека ќе се разговара и за она што се случуваше во Куманово.

–  Очекувам дека кога кога ќе разговараме за предизвиците со кои се соочуваме на овој состанок во Анталија да говориме и за ситуацијата на Западниот Балкан и пред се во Македонија. Очекувам за тоа да се дискутира меѓу министрите во Анталија неделава, а јас ќе повторам уште еднаш дека многу жалам за загубата на животите и моите мисли се со семејствата на тие кои ги загубија најмилите во настаните во Куманово, истакна Столтенберг на почеток во неговото излагање за ситуацијата во Македонија.

Генералниот секретар на НАТО додаде дека е охрабрен од фактот што сите избрани политички лидери во земјата дадоа јасна осуда на насилството и повикаа сите да останат мирни. Тој истакна дека се радува што е избегната ескалација на ситуацијата.

– Македонската полиција беше подготвена да се справи и таа се справи со ситуацијата, но за жал со загуби. Сепак, полицијата докажа дека може да се справи со ситуацијата, дециден е Јенс Столтенберг.

Првиот човек на најголемата воено-политичка организација на светот, исто така посочи дека НАТО ќе го следи одблиску развојот на настаните во Македонија.

Тој посочи дека Алијансата има канцеларија за врски во Скопје, каде за неколку дена, според Столтенберг, ќе има состанок со македонските власти, како дел од редовната комуникација, кога тој очекува претставниците на Алијансата да бидат информирани за сегашната ситуација и како истата е решена.

– Верувам дека ќе се остварат и блиски контакти меѓу Скопје и Приштина за овој настан. А, во овој дел повикувам на транспарентна истрага за тоа што се случи и да се види како се случи,со цел да се превенира нешто слично да не се случи повторно и да нема повеќе употреба на насилство. Ние ќе продолжиме да работиме со Македонија и во рамки на Акцискиот план за членство (МАП), што го воспоставивме и со кој продолжуваме, заклучи Столтенберг.

kumanovonato

Би можело да ве интересира

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Горан Наумовски05/03/2026 - 07:23

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Горан Наумовски04/03/2026 - 13:05

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:28

Марк Руте: НАТО нема да учествува во акции против Иран

А1он02/03/2026 - 19:4002/03/2026 - 19:22

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он26/02/2026 - 15:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен