А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Столтенберг ја почнува западнобалканската турнеја, во вторник доаѓа во Скопје

by А1он19/11/2023 - 08:5819/11/2023 - 09:03421
Share0

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ќе отпатува за Сараево, како прва етапа од неговата турнеја низ четири земји од Западниот Балкан, во чии рамки во вторник попладне ќе пристигне во Скопје, каде покрај средби со највисоките претставници на властите на земјата, ќе се сретне и со лидерите на земјите членки на Алијансата од регионот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти НАТО, турнејата низ регионот Столтенберг ќе ја започне со работна вечера со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, а утре ќе има средби со високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ, Кристијан Шмит и со претседавачката со босанскохерцеговскиот Совет на министри Борјана Кришто. По овие разговори, Столтенберг во седиштето на НАТО во Сараево ќе има средби и со воените лидери и со претставници на меѓународната заедница во БиХ.

Од Сараево, првиот човек на Алијансата утре попладне ќе отпатува за Приштина на средби со претседателката и со премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти.

Тој потоа ќе ја посети и Командата на силите на НАТО во Косово, каде што ќе се сретне со командантот на КФОР, генерал-мајорот Озкан Улуташ и со директорот на Советодавниот тим за врски на Алијансата, бригадниот генерал Кристијан Лудевиг фон Хамерштајн, а ќе има и обраќање пред војниците ангажирани во мисијата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во вторник претпладне, Столтенберг ќе престојува во Белград на разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ, а ќе се сретне и со српски научници кои ќе му ја претстават технологијата што ја развиле во контекст на научните проекти на НАТО за мир и безбедност.

Попладнето, генералниот секретар на НАТО од Белград ќе допатува во Скопје, на средби со шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и со собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во Собранието.

В среда претпладне предвидено е Ковачевски и Столтенберг во Скопје да се сретнат со лидерите на земјите членки на НАТО од регионот – хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Словенија, Роберт Голоб и на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

jen stoltenbergnato

Би можело да ве интересира

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 16:02

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 18:49

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

Катерина Ѓуровски19/09/2026 - 18:50

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Катерина Ѓуровски18/09/2026 - 10:55

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 08:33

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

Горан Наумовски10/09/2026 - 07:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео