Столтенберг го оцени договорот со Бугарија како позитивен чекор на патот на Македонија кон НАТО

Од:

Претседателот на Собраниет, Талат Џафери, денеска оствари средба со Јенс Столтенебрг, генерален секретар на НАТО, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, Џафери изразил убеденост дека само со конструктивен дијалог со соседите во однос на спорните прашања и со активен ангажман на институциите и на сите политички субјекти на исполнувањето на Планот 3-6-9, ќе се финализира „незавршената работа“ од Букурешкиот самит на НАТО во 2008 година.

Столтенберг ја потенцирал понатамошната поддршка на НАТО за исполнувањето на амбициозната реформска агенда на новата Влада, особено на планот за владеење на правото, јакнењето на мултиетничкото општество и принципите на Охридскиот договор, како и за одржувањето и негувањето на добрососедските односи.

„Како позитивен исчекор во оваа насока е ратификацијата на Договорот за добрососедство со Република Бугарија, со што се отвора ново и квалитетно поглавје во регионален контекст. НАТО, со големо внимание го следи прогресот во функционирањето на Собранието на Република Македонија, особено по немилите настани од 27 април минатата година, бидејќи верува дека Собранието е платформата за заедничка работа на власта и опозицијата, низ реален политички дијалог, конструктивно да работат за бенефит на сите граѓани“, рекол Столтенбер.

Тој рекол дека НАТО особено го вреднува реалниот придонес на Република Македонија во мировните мисии на НАТО, каде Република Македонија се цени како мошне квалитетен и почитуван партнер.

„Столтенберг подвлече дека НАТО и понатаму ја охрабрува Република Македонија храбро да продолжи во надминувањето на основната пречка која е предуслов за полноправно членство на Република Македонија во НАТО Алијансата. Поддршката дадена на Букурешкиот самит на НАТО и повторена на следните два самита, сè уште останува и е во насока на што побрзо зачленување на Република Македонија како 30-та земја членка на НАТО“, соопшти Собранието.

Би можело да ве интересира

Руте за Трамп: Прави добро за НАТО, кога фалам некого, тоа се базира на факти

А1он

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања