Стојановски: Охрид да го направиме најважна точка на мапата на европски и светски културни центри

Од:

„Нашата визија е Охрид да го направиме најважна точка на мапата на европски и светски културни центри и градови на езера. За да успееме во таа мисија, сите заедно ќе подготвиме сеопфатна стратегија за развој на градот. Оваа стратегија многу јасно ќе покажува кои се нашите цели како локална самоуправа.

Работиме по план. Именуваме работни групи за секој сектор, ги анализираме моменталните состојби, ги дефинираме стратешките приоритети и цели, за на крај да ги зацртаме плановите за акција. Нашата стратегија за развој е долгорочна и одржлива бидејќи ќе се темели на нови вложувања во стопанството и рационално користење на просторот. Иднината ја базираме на паметните технологии и обновливите извори на енергија. Ги подобруваме економските услови и квалитетот на животот на граѓаните.

Ние мора да одлучиме во каков град сакаме да живееме. Со изработката на оваа стратегија, заедно ќе одредиме кои се целите и приоритетите кои сакаме да ги постигнеме како општина. Работиме посветено, бидејќи само така може да го гарантираме успехот. Успехот на еден, ќе значи успех на сите, на целата општина. Една од нашите мисии е создавање транспарентна општина за сите, и токму затоа, за оваа важна стратегија ќе го побараме мислењето на стручната јавност, но и на секој граѓанин.

Ќе постигнеме многу, бидејќи сме организирани, отворени за соработка, бидејќи веруваме, бидејќи сме заедно. Сите за Охрид. По 15-ти октомври, создаваме подобар Охрид за сите“, изјави кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и коалицијата, Јован Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ