Стојановска: Онлајн седниците на Собранието параван на власта за потврдување мнозинство

Од:

За ВМРО-ДПМНЕ пoнудата на власта Собранието да функционира онлајн е неприфатлива бидејќи само служи како параван на власта да се потврди фактот дека мнозинството на Заев во Парламентот стои на стаклени нозе од самото формирање на Парламентот, изјави денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска.

– Сметаме како ВМРО-ДПМНЕ и како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ дека нема никакви пречки Собранието да продолжи да функционира нормално, бидејќи мнозинството на пратеници коишто се потребни за одлучување во Парламентот по сите видови на мнозинства за носење собраниски одлуки е во моментов и оперативно и достапно, рече пратеничкта Стојановска.

Ако може, дополни, според проценките на Филипче и Заев сите останати да одат на своите работни места, па дури, нели, се прекина и породилното отсуство на мајките родилки зошто да не можат и пратениците и на ВМРО-ДПМНЕ и на власта да доаѓаат во Парламент и да носат одлуки и да гласаат.

– Не можат само корона кризата да ја користат како заштита затоа што нивното мнозинство е тенко, што не можат седница да започнат затоа што мнозинството не им присутно во сала. Тоа се ред на работи коишто уште од стартот се случуваат и верувам дека ќе се случуваат се додека овој парламентарен состав биде во функција, додаде Стојановска.

Меѓудругото пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, изјави дека тие како партија се подготвени за утрешната комисиска расправа за ребаланс на Буџетот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“