Стојаноски: Во Охрид ќе изградиме откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи

Од:

Кандидатот за градоначалник на Охрид од коалицијата предводена од СДСМ Јован Стојаноски, денеска во изјава за медиумите рече дека Охрид и околината се земјоделски регион, дом на брендираната „охридска цреша“ и на најубавите јагоди.

– Изобилуваме со обработливо земјиште и тоа е одличен капацитет за развој на земјоделието во Охрид и охридско. За да постигнеме видливи резултати потребно е зголемување на производството, но и пласманот на производи. Токму затоа, предвидуваме изградба на откупно-дистрибутивен центар. Со ова создаваме услови за соодветно сортирани, пакувани и продадени земјоделски производи, рече Стојаноски.

Тој додаде дека просториите за ладење и одржување во рамки на откупно-дистрибутивниот центар овозможуваат подобрување на квалитетот на производите и инвестиција во ваков центар би им помогнала на земјоделците од регионот за нивно окрупнување и организирање во кластери на земјоделски производители.

– Функционирањето на откупно-дистрибутивниот центар за земјоделски производи придонесува за зголемување на конкурентноста на земјоделците на пазарите но и заштита на откупните цени на земјоделските производи. Ваков откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи според потребите се предвидува во близина на Лескоец и Велгошти. Истиот овозможува поголем удел на земјоделците во крајната цена по која ги продаваат своите производи. Тие добиваат поквалитетни производи, ги продаваат по повисоки цени и добиваат можност преку земјоделските кластери да продаваат поголеми количини од своите производи. Со ова, придонесуваме за намалување на разликите помеѓу градските и селските средини, рече Стојаноски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион