Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Од:

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 1 година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат.

Владата го заврши и пушти во употреба експресниот пат Градско – Дреново, при што заврши две делници од 25.7 километри експресен пат, во крајно брз рок.

Завршени и пуштени во употреба се 25.5 километри од експресниот пат Куманово – Крива Паланка, рече Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред нецели два месеци пуштени се во употреба 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, и дополнително се очекува наскоро да биде пуштена уште една делница, а до крајот на 2026 година ќе биде пуштен во употреба целиот пат.

Засилено се гради низ цела Македонија.

Автопатот Тетово – Гостивар исто така треба да биде готов за 2 ипол години.

Засилено се работи и на автопатот Прилеп-Битола кој се очекува да биде завршен и пуштен во употреба 2027 година.

Во наредните 3 до 4 години цела држава ќе биде испреплетена со автопатска мрежа и мрежа од експресни патишта.

Македонија се трансформира. Промените на дело рече Бојан Стојаноски.

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие