Стојаноски вети поголема заштита на еко-системот на Охридското Езеро

Од:

Статусот на град заштитен од УНЕСКО не е само привилегија. Тоа е и обврска за нас и идните поколенија максимално да се грижиме за нашето природно богатство. Прва и најважна задача е да го сочуваме Охридското Езеро од неговите најголеми загадувачи, рече Јован Стојановски, кандидатот за градончалник на Охрид на Коалицијата „За живот во Македонија”, предводена од СДСМ.

Стојановски вети доизградба и санација на колекторскиот систем, што би се реализирало со поддршка од Владата на Република Македонија која веќе засилено бара партнери кои би го реконструирале стариот колектор и истовремено би го заштитиле од загадување засега најчистиот и најживописен крајбрежен дел.

– Со санација и ревитализација на постојниот колекторски систем и доизградба на нова мрежа и пречистителни станици би се подобрила неговата функционалност, рече тој најавувајќи и изработка на еколошка студија за пренасочување на реката Грашница во месноста Далјан и изградба на соодветна пречистителна станица, враќање на Сатеска во старото корито, со неговава адаптација преку соодветни таложници за геолошкиот нанос, со што би се намалило егативното влијание врз реката Црн Дрим.

Стојаноски најави и пошумување на пределот долж течението на реката Сатеска со цел да се намали геолошкиот нанос, редовно чистење на депониите и каналите, вложувања во колекторски системи, пречистителни станици, регионални фабрики за третман на цврстиот комунален отпад и инвестиции во енергетски ефикасни објекти.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори