Стојаноски: Создаваме општина која ќе биде услужна и ќе одговори на секој граѓанин

Од:

„Нашата мисија е да бидеме достапни, отворени за сите граѓани и транспарентни. Создаваме општина која ќе биде услужна и ќе одговори на секој граѓанин. Функционирањето на една локална самоуправа се огледува преку функционирањето на јавните услуги, преку работата на јавните претпријатија кои треба да обезбедат соодветни услуги. Тие постојат за да им служат на граѓаните.

Токму затоа обезбедуваме висококвалитетни комунални услуги и поставуваме стандарди кои ќе значат дека тој висок квалитет на услуга ќе биде постојан. За да го постигнеме ова, ја обновуваме потребната механизација на јавните претпријатија бидејќи таа им е основна алатка во обезбедувањето на квалитетни услуги. Гарантираме дека тие стандарди ќе се почитуваат затоа што ќе го следиме процесот на обезбедување на услуги кон граѓаните.

Јавните претпријатија повеќе нема да бидат загубари, туку ќе прераснат во високодоходовни субјекти. Тие ќе обезбедуваат одлични услуги, граѓаните ќе бидат задоволни, а приходите остварени од тие услуги ќе им ја подобруваат финансиската состојба. Воедно ја развиваме и комуналната инфраструктура со која ќе обезбедиме вода за пиење до секое домаќинство и постојан притисок во текот на целата година, поефикасни системи за наводнување, 90% од домаќинствата да бидат вклучени во канализационата мрежа до 2021 година и 100% покриеност на домаќинствата со организирано собирање на комунален отпад. Со овој проект создаваме општина за сите, создаваме Охрид за сите“, изјави кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и коалицијата, Јован Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ