Стојаноски: Со одложената примена на уставните измени на Бугарија и се зема алаткта од раце

Од:

Димитар Ковачевски и СДС да се изјаснат по однос на предлозите на ВМРО-ДПМНЕ. Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ го гарантираат нашиот идентитет, јазик и историја, а истовремено ја забрзуваат интеграцијата во Европската унија рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМЕ Бојан Стојаноски.

– Со одложеното дејство на уставните измени т.е со нива примена кога ќе станема челенка на Европската унија и се зема алатката за уцени на Бугарија од раце. Со одложената примена на уставните измени, Бугарија од потенцијален кочничар на Македонија, ќе стане активен чинител за забрзување на нашата интеграција.Во таква ситуација на одложено дејство на уставните измени, секое дополнително кочење на Македонија од страна на Бугарија, ќе ризикува за нив никогаш да не се ефектуираат уставните измени. Токму затоа, наместо потенцијален кочничар, во таква ситуација ќе добиеме најголем застапник за нашата евроинтеграција, вели Стојаноски.

Според него одложената примена на уставните измени, не е кршење на преговарачката рамка и нема дополнителни уставни и идентитетски отстапки, со самиот чин што ќе се заштитиме од идни уцени.

– Од друга страна и вториот предлог кој го предложи претседателот Мицкоски, опфаќа избори на есен, барање гаранции од ЕУ за нашиот многувековен идентитет, барање од Бугарија да имплементира најмалку 3 пресуди на Европскиот суд за човекови права за правата на Македонците и барање на финансиски пакет за државата од Европската Комисија. Исто како и првиот, така и овој предлог ја гарантира нашата интеграција и идентитет. И со двата предлози добива Македонија. Губи само ДУИ кои одат во опозиција и губат криминалните структури по промената на власта, бидејќи ќе има одговорност за секој што се огрешил пред законите, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина