Стојаноски: Скандалозно е присуството на претседателката Марија Петковска на ОИК на партиски конвенции на СДС

Од:

„Денес ќе објавиме конкретен случај каде СДС ја става Државната изборна комисија во функција на партијата.

Скандалозно и спротивно на изборните правила и закони е присуството на претседателката Марија Петковска на Општинската изборна комисија на партиски конвенции на СДС.

Скандалозно и целосно незаконски е претседателот на ОИК Кратово да стои во првите редови на партиска конвенција за промоција на кандидати за градоначалник и листа на советници во Кратово.

Наместо да тера избори и да се грижи за нивната исправност и регуларност, претседателката на Општинската изборна комисија тера политика и седи на партиски конвенции на СДС.

Дали ова значи дека ДИК под Чичаковски е во функција на СДС.

Државната изборна комисија е независен орган кој треба да го регулира и организира изборниот процес. ДИК мора да вложува континуирани напори за да одржува репутација за независност, непристрасност, одговорност и професионалност во работењето.

Ова е недозволиво и имплицира дека ДИК ќе работи и ќе делува во полза на СДС и Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ апелира сите надлежни, вклучително и преставништвата на меѓународната заедница да го осудат овој недозволив чин, а ДИК да ја разреши Марија Петковска претседателката на ОИК Кратово.

ВМРО-ДПМНЕ сериозно предупредува дека сите чинители во изборниот процес треба да се однесуваат исклучиво согласно законот, а не да бидат партиски марионети на партијата на власт.

Секоја злоупотреба не смее да помине неказнета. За секое законско прекршување мора да има одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ ги уверува сите прекршители на законите, мотивирани или исилени од СДС И Зоран Заев дека ќе одговараат со враќање на правната држава и демократија.

На претстојните локални избори на 15-ти октомври граѓаните ќе му кажат НЕ на Зоран Заев и неговото расипничко и незаконско управување со државните институции“, изјави Бојан Стојаноски .

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги, а молчи за Кочани

Горан Наумовски

Шукова: Ние ќе воведеме ред, ќе ги засилиме инспекциските контроли и ќе обезбедиме одговорно одржување на јавниот простор

Горан Наумовски

СДСМ: Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината, ова не е статистика

Горан Наумовски