Стојаноски: Регулаторната комисија за енергетика комотно може да го смени своето име во Комисија за поскапувања.

Од:

Денес во Собранието на Република Македонија ќе се разгледува финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика. Оваа Комисија треба да е независно тело кое ќе го регулира пазарот на енергенсите, но тоа не е случај кај нас. Членовите и претседателот на оваа комисија се партиски членови на СДСМ и ДУИ кои бранејќи ги криминалите на врхушката во ЕЛЕМ и МЕПСО одлучија цената да ја платат граѓаните, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

Стојаноски додаде дека во овие моменти Република Македонија се наоѓа во енергетска криза и криза во снабдувањето со топлинска енергија, две кризи кои се директно поврзани со работата на Регулаторната комисија за енергетика. Во надлежност на оваа комисија е следење на состојбите и функционирањето на пазарите на енергија, а сведоци сме како месеци наназад истите луѓе од РКЕ не убедуваа дека нема да има покачувања на цената на струјата, дека државата ќе обезбеди струја, дека ќе жителите на Скопје нема да имаат проблеми со парното и ред други лаги кои сега сите ние ги осеќаме по џебот.

Регулаторната комисија за енергетика откако на власт е двоецот СДСМ – ДУИ комотно може да го смени своето име во Комисија за поскапувања.

Стојаноски потсети дека струјата од 1ви јануари поскапи по трет пат и за само 18 месеци плаќаме над 30% повисока струја од претходно. За горивата да сведоци сме дека секој понеделник чекаме колкаво ќе биде покачувањето или пак кога цената на нафтата е пониска на светските берзи власта ја зголемува акцизата. Цената на парното се покачи за 15%, но корисниците на оваа услуга велат дека радијаторите им се ладни како никогаш досега.

Комисијата за поскапувања нема кредибилитет и знаење за да не извади од оваа енергетска криза во која не втурна. Луѓето кои ја создадоа кризата, неможат да се претставуваат како решение. Потребни се промени пред да влеземе во уште поголеми проблеми, изјави Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски