Стојаноски: Распуштањето на Судскиот совет е мерка од која не се откажуваме, тоа е наше ветување пред граѓаните кое доби поддршка

Од:

Нема повеќе обвинители и судии кои се на услуга на бизнис криминалните елити, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната прес конференција прашан за тоа каков е планот на ВМРО-ДПМНЕ со 40-те препораки од Оценската мисија на ЕУ за реформи во Судскиот совет, дали ќе се имплементираат сега или ќе се чека евентуално распуштање на Советот?

„Распуштањето на советот е мерка од која не се откажуваме впрочем тоа беше и наше ветување пред граѓаните кое доби поддршка. Во меѓувреме треба да се има во предвид дека отпорот за ваквиот чекор е најголем од тие на кои им служи трулиот судско обвинителски систем и на кои им одговараат институциите под 2 проценти доверба“, посочи Стојаноски.

Тој потенцираше дека секој предлог и идеја која ќе значи промена е добредојден, но воедно тоа не значи и откажување од заложбата да се променат и подобрат работите.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за претседател на Управниот суд

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски