Стојаноски: Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години

Од:

Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години. 180 милиони евра завршиле само на сметката на Пуцко Петрол, без притоа да се пресметаат 167 милиони евра за мазутот кој преку РКМ е испорачан до ЕСМ, т.е. РЕК Битола и ТЕЦ Неготино.

Доколку се погледне целата сума се доаѓа до обрт од над 350 милиони евра кои СДС им ги овозможила на Пуцко Петрол, Јахоски и РКМ.

Имено, Асмир Јахоски, Пуцко Петрол, од СДС како централна и локална власт за 7 години добил над 180 милиони евра во тендери.

Пуцко Петрол 30 години имал статус на бела мечка во македонското општество, дозволено му било преку тендери да внесува што сака и како сака. Сега, во време на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се стави крај на неговото криминогено однесување.

И СДС, освен да молчи и да стои со наведната глава, нема право буква една да изусти. Затоа што криминалите ги правел во нивно време и тие го толерирале, нивниот судско обвинителски систем му ги намалува сега мерките за обезбедување присуство. Тоа е истиот систем кој СДС го брани, а почива на погрешните кадри во Судскиот совет.

СДС свесно го толерирале Пуцко Петрол. И овозможиле Пуцко Петрол и РКМ во набавка на мазут да свртат стотици милиони евра, за што главна асистенција им правел директорот на ЕСМ во бегство, Васко Ковачевски.

Пуцко Петрол и Асмир Јахоски беспрекорно функционираат на државните тендери додека СДС владее и во значаен дел од тендерите тие се и единствен понудувач.

Разработената шема на Пуцко Петрол и СДС ги чини граѓаните и живот.

Секогаш кога ќе помислиме на загаден воздух, тука е Пуцко Петрол и РКМ да не потсетат зошто е тоа така, но и кој е причината, која не смее да се повтори, рече на прес-конференција на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст