Стојаноски: Охрид треба да го водат луѓе кои посветено, одговорно и домаќински ќе работат за граѓаните

Од:

Петнаесетти октомври треба да биде запишан во историските учебници како ден на кој заврши ерата на Никола Груески. Заврши ерата на груевизмот. Завршија најцрните единаесет години во повоената историја на македонскиот народ, рече кандидатот за градоначалник на Охрид од коалицијата предводена од СДСМ, Јован Стојаноски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години го лажеше сопствениот народ и наброи проекти кои што биле ветени за Охрид, но никогаш не се оствариле.

– Само за сто дена, новата Влада, предводена од Социјалдемократскиот сојуз, покажа дека и во Македонија може политиката и политичарите да добијат човечки лик и облик. Само за сто дена, Зоран Заев покажа дека и во Македонија зборот може да биде збор, а политичарот – човек, рече Стојаноски.

Тој вети приспособување на целата постојна урбана и рурална инфраструктура да биде во функција на потребите на граѓаните, одговорно, квалитетно и домаќинско градење за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина, намалување на разлики помеѓу градските и селските средини, како и чиста и здрава вода за пиење и чист воздух за сите.

– Повеќе пари за општините, а со тоа и повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин на локално ниво, поголема вклученост на бизнис-заедницата во дефинирањето на општинските приоритети и воведување на бизнис-форуми како редовна активност за проектирање и следење на локалниот економски развој, ќе ја вратиме моќта на месните и урбаните заедници, ниту еден сокак, ниту едно населено место во Општина Охрид, во 21-ви век, повеќе не смее да остане без квалитетна и функционална водоводна и канализациона мрежа, рече Стојаноски и вети санација и доизградба на колекторскиот систем во најкраток можен рок.

Тој најави и започнување на проект за гасификација на Охрид, како и изградба на четири спортски сали, Младински културен центар и Дом за стари лица.

– На местото од дотраената и руинирана Маларична, ќе изградиме нов и современ Здравствен дом, ќе направиме доградби, проширувања и модернизација на постојните објекти од Детската градинка, а со тоа ќе го зголемиме опфатотот и ќе го подобриме квалитетот на претшколската дејност, ќе изградиме катна гаража во централното градско подрачје, ќе отвориме откупно-дистибутивен центар за земјоделски производи и финансиски ќе го помогнеме оранжериското производство, ќе го модернизираме Спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ и севкупно ќе го помогнеме развојот на спортот во нашиот град, вети Стојаноски.

Кандидатот за градоначалник рече дека ќе направат се што е потребно за лицата со инвалидитет да имаат еднакви услови како и останатите и најави изготвување на научни студии за спас на Студеничкото блато, за чисто езеро и чисти реки и за геотермалните води во Косел.

– Охрид треба да го водат луѓе кои посветено, одговорно и домаќински ќе работат за да се подобрат условите за живот на сите негови граѓани, да се зголемат можностите за социјален и економски развој и да се зачуваат неговите природни, културни и духовни вредности и обележја. Охрид треба да го водат луѓе кои знаат дека животот ни го враќа само она што ние им го даваме на другите, рече Стојаноски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија – реакција на Петровска по изборите во СДСМ

Аврамовска – Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто

Горан Наумовски

Деспотовски: Утре ќе поднесам приговори за забелешките од контролорите

(ВИДЕО) Аврамовска Мадиќ: Гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ се одвива непречено, во фер и демократска атмосфера

СДСМ избира нов лидер на партијата

Горан Наумовски