Стојаноски: Охрид мора да стане препознатлив туристички бренд

Од:

Охрид мора да стане препознатлива и атрактивна туристичка дестинација. За остварување на тоа предвидуваме клучни стратешки промени што ќе го одбележат туристичкиот развој на градот, порача денеска од Охрид кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Јован Стојаноски.

Тој најави додавање на здравствениот, спортскиот, велнес и конгресниот туризам во туристичката понуда на Охрид, со проширување на целниот пазар за потенцијални туристи.

– Туризмот не значи само привлекување гости. Со неговиот развој помагаме на локалната економија. Работата со здравствениот туризам отвара нови работни места, за медицинските работници кои досега излезот го бараа во странство, истакна тој.

Стојаноски забележа дека реализацијата на тавката замисла ќе се спроведува преку формиање кластери, заеднички настапи на саеми, онлајн-резервации и програми за определени здравствено-алтернативни методи.

– Охрид е традиционално туристички град со неспорна природна убавина, поволна клима, безбедност, долга традиција. Со сите поволности и со овој план ја зголемуваме атрактивноста на градот како туристичка дестинација, го зголемуваме бројот ноќевања, економскиот развој, придонесуваме за нови вработувања, покачен стандард и подола сезона, им порача Стојаноски на граѓаните на Охрид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски