Стојаноски: Охрид ќе биде услужна општина што ќе нуди еднакви можности за сите

Од:

Исправени сме пред најчесната мисија, да создадеме општина во која еднакви ќе бидат сите граѓани. Охрид е космополитиски град и во тој дух и во духот на социјалдемократијата нашата цел е да работиме на создавање можности за сите граѓани. Тоа денеска го истакна Јован Стојаноски во првото обраќање до граѓаните како кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ.

Стојаноски како човек кој повеќе од две децении работи во образованието, испрати уверување до граѓаните дека има визија за тоа во каква насока треба да се гради и развива Охрид.

– Ќе создадеме отворена и услужна општина за сите. Секој ќе може да се обрати до општината и навремено да ја добие својата услуга. Ја враќаме моќта и самостојноста на месните и урбаните заедници кои со зајакната правен статус ќе помогнат максимално да бидат во служба со граѓаните, рече тој.

Стојаноски нагласи дека во соработка со Владата обезбедена е помош за малите и средни претпријатија, а со тоа и нови можности и работни места.

– Работиме по план, создаваме инфраструктура за сите, а тоа ќе го постигнеме со нудење нови решенија во водоснабдувањето, санација и доградба на колекторскиот систем, изградба на фабрика за отпад, услови за достоинствена старост и гасификација на Охрид, рече порачуваќи им на граѓаните дека од 15 октомври доаѓа живот во Охрид.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените