Стојаноски: Кочо Анѓушев молчи, колку фирми во странство крие и колку е нивната заработка

Од:

„Медиумите објавија, а вицепремиетот во владата на СДС, Кочо Анѓушев молчи, колку фирми во странство крие и колку е нивната заработка.

Јавноста прашува. Која е милионската сума која што ја крие газда Кочо Анѓушев?

Дали тие фирми учествуваат на домашни тендери и на тој начин се испумпуваат пари кон странски фирми?

Дали има фирми во оф шор зоните, каде не може да се провери потеклото и најчесто се синоним за перење на пари?

Дали оваа шема со фирми на Анѓушев е смислено сценарио за перење на пари?

Јавноста очекува одговори.

Кога е во прашање милионерот Анѓушев законите немаат никакво значење и не важат.

За ова одговорност мора да има и ќе има.

Граѓаните ќе го казнат ова расипништво. Граѓаните на 15-ти октомври на локалните избори ќе стават крај на ова безредие и беззаконие. Граѓаните ќе го казнат СДС, Зоран Заев и газда Кочо Анѓушев“, изјави Бојан Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Владата ги испраќа кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов