Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

Од:

Филипче и Заев сакаа да ми ја земат болницата – вака др. Митрев на гостување во емисија на национална телевизија обвини за груба злоупотреба на власта, од страна на Венко Филипче и Зоран Заев. Тој вели дека бил изложен на големи притисоци од страна на тогашната власт за да му се одземе болницата, директно посочувајќи го тандемот Филипче и Заев, рече на прес конференција, Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Др. Митрев вели дека притисоците се случувале токму во периодот кога се водел судски случај против него, а Филипче и Заев ја имаа целосната власт и не бирале средства за да си ги задоволат апетитите.

Во овој период, додека траел судскиот случај, преку институциите на др. Митрев му биле блокирани личната сметка и сметката на болницата, а воедно имал и забрана за продажба на удели во болницата.

За тоа колку Филипче и Заев биле сериозни во намерите да ја земат клиниката Жан Митрев, говори и фактот за тоа дека само по една недела од нивното барање за откуп на болницата, ЈО ја повлекла забраната за продажба, со што било овозможена купување на удели во болницата. Ова е директен доказ за тоа како СДС, со Заев и Филипче ги злоупотребуваше институциите во државата, а дополнително со својата моќ вршеше притисок врз обвинителството.

Уште по скандалозно е тоа што, др. Жан Митрев вели дека Заев и Филипче му понудиле и спогодба, односно доколку ја продаде болницата за пониска сума од пазарната, ќе му помогнат да се ослободи од обвиненијата против него.

Ваквите сведоштва треба веднаш да се проверат од страна на ЈО. Доста е веќе штитење од одговорност на Филипче и Заев. Време е да одговараат за секој еден криминал што го сторија изминативе 8 години, рече Стојановски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег

Во аферата „Епстин“, Македонија е спомната како извор на човечки мозоци за експерименти

Горан Наумовски

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

Очекуван бум на црниот пазар за вејпови?! Лошите искуства може да се пресликаат на тезгите во Македонија