Стојаноски: Да го направиме Охрид општина за сите граѓани

Од:

„Нема поважна мисија од тоа Охрид да го направиме општина за сите граѓани. Првиот чекор е создавање на инфраструктура за сите. Градиме одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина.

Нема ништо поважно од здравјето на луѓето. Затоа наш приоритет е обезбедување на чиста и здрава вода за пиење и чист воздух. Се обврзавме постојано и навремено да ги чистиме депониите и каналите, да вложуваме во колекторски системи, пречистителни станици, регионални фабрики за третман на отпад и енергетски ефикасни објекти.

Парите ги враќаме кај граѓаните. Соработуваме со бизнисите, заедно ги креираме плановите за поефикасен локален економски развој. Преку соработка со фирмите, обезбедуваме сигурна пракса за младите, ги насочуваме во професионалните кариери.

Создаваме отворена и услужна, општина за сите. Обезбедуваме пријатни детски градинки, чисти и загреани училишта. Обезбедуваме поддршка и помош за најзагрозените семејства и за лицата со посебни потреби. Ги вклучуваме граѓаните во креирањето на буџетот, во носењето одлуки и во контролата на власта.

Мои охриѓани,

Во недела стоите пред најважниот избор од кој зависи иднината на Охрид, и вашата иднина. Ве повикувам, храбро, достоинствено и одлучно, сите заедно, да излеземе и да го дадеме својот глас за подобар Охрид. Охрид го заслужува тоа, вие го заслужувате тоа. Охрид не може и не смее повеќе да биде заложник и да тапка во место. Со заокружување на бројот деветнаесет, вие ја имате моќта да изберете живот во Охрид за сите. Одлуката е лесна. Придружете ни се.

Јас, вие, сите заедно, во недела да му ја вратиме слободата на Охрид. Заедно да донесеме живот во Охрид за сите“, изјави кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Јован Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ