Стојаноска: За гостиварската населба Циглана планираме повеќе проекти

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од коалицијата „За подобра Македонија“, Дафина Стојаноска денеска оствари повеќе средби со граѓани во населбите Фазанерија и Циглана и пред сопартијците и симпатизерите ги наброја проектите кои ги имаат предвидено со предизборната програма. По средбите таа одржа куса прес-конференција на која информрираше за активностите.

– Сакавме одблизу да им кажеме на жителите дека во наслелбата Циглана ќе се гради повеќенаменско игралиште, асфалтирање и доизградба на повеќе улици во овој дел од градот, осветлување и канализација во оние делови каде тоа не е довршено. Освен локалните, ги претставивме и покрупните проекти, кои секако ги засегаат и жителите на оваа населба, рече Стојаноска

Според кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, главен акцент во програмата е ставен на дислоцирање на депонијата Русино и изградба на фабрика за рециклажа. Проекти од кои ќе има корист за сите гостиварци, Стојаноска ги наброја изградба на нова градинка, дом за стари лица, спортски центар.

Стојаноска придружувана од носителот на листата на кандидати за советници, разговараа со месното население и како што рече дел од нив ќе бидат ставени во програмите за работа и ќе се бара нивна реализација.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски