Стојаноска: Предлог-измените на Законот за работни односи се противуставни и против сите европски декларации за труд

Од:

„Таканаречениот европски фронт на власта започнува процес, со кој на македонските работници ќе им овозможи работа од утро до мрак. Целата македонска јавност вчера беше сведок, како власта, по експресно брза постапка, вчера ја свика и ја започна Комисијата заевропски прашања, со 8 точки на дневен ред, кои се во врска со договорот Бехтел и Енка. Денес треба да продолжи и веќе започна оваа 54-та седница, на која прва точка на дневен ред е ПЗ за ИД на Законот за работни односи“, рече Дафина Стојаноска, заменик-координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се работи за дискриминирачки и неевропски Предлог на Закон, кој што, како што веќе напоменав, ќе овозможи работниците да работат од утро до мрак. Присилната работа, наместо да се санкционира, со овој закон се става во законска рамка.

Овој закон е противуставен, против сите конвенции за работно време и против сите европски декларации за труд. Јавноста знае дека истиов овој Закон беше поднесен од колеги од мнозинството за минатата седница, истите го изгласаа, па истиот го повлекоа, за да сега дојде со злоупотреба на европско знаме и со предлагач – криминалната влада на СДСМ и ДУИ.

Во ова Собрание дефинитивно се’ е можно и, кога ќе не повикуваат да учествуваме во процесот Жан Моне кој е за доуредување на Деловникот за работа на Собранието, јавно прашуваме дали и колку ова повеќе има смисла?

Имено, со предложен член во законот, се предвидува подолго работно време од плус 8 часа неделно и плус 190 часа годишно, без притоа да се ограничи прекувремената работа и, ако се земат предвид одредбите од член 134 – за „неделен одмор“ од 24 часа и од член 133 – за „дневен одмор“ од 12 часа, ќе се увиди дека со ваквото законско решение се овозможува 72-часовна работна недела.
Сите синдикати на работниците станати се на нозе и се против ова законско решение кое ќе значи апсолутна злоупотреба на македонскиот работник.

Ова не се европски вредности! Ова го кажа и Европската комисија, но власта игнорира и постапува по свое убедување, односно дадено ветување, без согласност на македонските граѓани.

Порачуваме дека, ако денес во Македонија немаме институции кои на ова треба да реагираат и да постапат, доаѓа време кога тоа ќе се случи и сите овие злоупотреби и противуставни постапки ќе бидат санкционирани и соодветно казнети. Одговорноста конечно и еднаш засекогаш мора да почне!“, изјави Дафина Стојаноска, заменик-координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина