Стојаноска: Додека речиси пола милион граѓани живеат со 150 денари на ден, Артан Груби ги брои милионите

Од:

Пратеничката Дафина Стојаноска беше во посета на населените места на територија во општина Демир Хисар, Загориче, Стругово, Белче каде што за жал и граѓаните на овој преубав крај на Република Македонија зборуваат за истите проблеми кои што ја тиштат цела држава.

Таа посочи дека еден од поактуелните проблеми е тоа што Република Македонија ја раководи едно криминално дуо, предводено од поголемиот прат ДУИ и помалиот послушен брат, Социјалдемократскиот сојуз.

„Граѓаните се свесни дека на грбот на нивната сиромаштија, ова криминално дуо се богати, тоа на грбот на речиси половина милион граѓани на Република Македонија кои што живеат со по 150 денари дневно, Артан Груби ги брои милионите, или дури милијардите би рекла. И бидејќи до толку е понижена Македонија, што нејзиниот премиер дури не е во состојба, односно не смее ниту да си поднесе и потпише оставка, бидејќи за тоа треба да добие дозвола од поголемиот брат, а таа потпишана оставка би значела одење на предвремени избори“, рече Стојаноска.

Стојаноска посочи дека единствено решение се токму изборите, за што граѓаните се свесни за ова криминално дуи кое ќе го казнат со нивниот глас и со тоа ќе дадат простор за ВМРО-ДПМНЕ, партија која што ќе докаже дека не се сите исти.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата