Стојанче Ангелов и реисот Фетаи заеднички го осудија скандирањето „УЧК“ на собири и протести

Од:

Во рамки на општествените активности на Центарот за управување со кризи, денеска в.д.директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, заедно со заменик директорот Екрем Зендели, остварија средба со претседателот на Исламската верска заедница реисул улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, во Скопје, соопшти ЦУК.

„Искажувајќи големо признание на реисот за неговиот авторитет и позитивно влијание кај сите граѓани, Ангелов, како што стои во соопштението, изрази задоволство од воспоставената директна комуникација и големото заедничко разбирање и настојувања за продуктивна и мирна иднина на државата што е во корелација и со целокупниот државен врв, нагласуваќи неколку важни работи коишто, како и што се согласија тројцата соговорници, се во полза на сите граѓани и како активности не треба да сопрат.

Продолжување на процесот на помирување меѓу дел од Македонците и дел од Албанците во земјава и искоренување на меѓуетничкото насилство кај младите, за во секојдневието на улица, да не наседнуваат на меѓуетничките повици на омраза коишто се зло за сите граѓани во државата, се меѓу работите на кои се согласиле денеска тројцата соговорници.

Заедничкото осудување на радикализмот и национализмот, како на пример, неодамнешното скандирање „УЧК-УЧК“ и „Голема Албанија“ на каков било митинг, протест или настан, бидејќи тоа директно го дефокусира вниманието од целта на настан, протестирање и ја подгрева меѓуетничката нетрпеливост и омраза, а секако и работење постојано на процена на ризиците по безбедноста што се и дел од работата на ЦУК, во соработка со сите релевантни чинители во општеството и во Системот за управување со кризи, информираат од ЦУК.

На средбата, во седиштето на Ријасетот на ИВЗ на РСМ, претседателот на ИВЗ, реисул улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи го изрази своето задоволство од добрата соработка што ја имале со сите официјални претставници на државата, а сега и со Центарот за управување со кризи.

Тој посочи дека секој радикализам е штетен и за верата и за државата и дека треба со зеднички напори да се настојува за мир и соживот, а особено да се реализираат и активности во правец да не се дава легитимитет на радикални групации. Едноставно, тој посочи дека добриот човек е добар човек, без разлика на неговата вера и нација,“ се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Специјално возило испратено да ги извлече возилата заглавени кај Леуново и Никифорово

Заглавени возила во Маврово и на Попова Шапка

А1он

Ангелов тврди дека институциите нема да бидат изненадени од снегот

Спасен давеник од Дојранско езеро

Спасен повреден мотоциклист кој паднал во провалија на Шар Планина

Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие