Стоилковски: Златко Марин на тендери купува сијалица за 48 илјади денари

Од:

Златко Марин градоначалникот на Аеродром од СДСМ, е пример за тоа како се однесува СДСМ, Марин е пример за лукративноста на мафијата на власт во време кога веќе втора година е вонредна состојба. Златко Марин, според објавените документи, прави општински набавки на производи по десеткратно поголеми цени и тоа во малопродажба рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„На пример, Златко Марин плаќа една ЛЕД сијалица за улично осветлување – за 48.000 денари! Внимавајте, сијалица – 48.000 денари, една! Само со едно брзо пребарување на интернет, лед сијалици за улично осветлување со истите карактеристики за кои што Марин плаќа 48.000 денари може да се најдат за 2,3,4, па еве и 5.000 денари. Колку овие 48.000 денари за сијалица се неверојатни, колку овие 800 евра за сијалица се набилдани, покажува и споредбата дека бандерата, столбот од 4 метри, со сите карактеристики и потреби за на неа да се стави сијалицата од 800 евра – чини 15.000 помалку, односно 33.000 денари. Бандера, 33.000, сијалица 48.000 денари“ – вели Стоилковски.

Стоилковски тврди дека градоначалникот на Аеродром набавил обрач за кош во вредност од 14.900 денари.

„Златко Марин со пари од Општина Аеродром плаќа метална чешма за пиење вода за 65.000 денари. Над 1.000 евра за една чешма. Славина, вели замена на оштетена славина со таканаречена цуцла, со механизам за затворање односно „копче на притискање“ тоа чини 7.000 денари. Само за отворање на вентилите на чешми наплаќа 6.600 денари. Отворање на вентил 6.600 денари. 65.000 денари чешма, отворање вентил 6.600 денари, славина со копче 7.000 денари“ – тврди Стоилковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стоилковски: Академија за судии и јавни обвинители го крши изборниот законик со вработувања

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Единствено што СДС знае е непотизам, партизација, кронизам, Охрид е пример за тоа

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

(ВИДЕО) Стоилковски: Во неполни 20 дена Филев директор на ЦСР Радовиш од СДС, два пати е апсен

Горан Наумовски