Стоилковски: Владата и Бектеши да соопштат што е договорено во Слупчане за струјата

Од:

Во име на демократијата и на еднаквоста, Владата на ДУИ и министерот Бектеши, мора да соопштат што е договорено во Слупчане во однос на плаќањето сметки за струја. Дали владата којашто се вмеша во овој должничко доверителски спор, е гарант за жителите на Слупчане дека ќе добијат отпис на долговите, или гарант за ЕВН дека ќе ги наплатат парите праша на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Дали владата е гарант дека во Слупчане ќе се добие гарантирана месечна наплата за струја, како што бараат од 3.000 денари без разлика колку се троши? Дали владата можеби ќе им ги плати долговите на слупчанци кон приватна фирма, бидејќи парите на крајот сепак ќе бидат наплатени? Дали владата ќе дозволи можеби повисока сметка на струја на државно ниво за да се покрие таа разлика? Ова се реални прашања од граѓаните коишто повторно се ставени во подредена состојба, во позиција од втор ред. Епска драма за почитување на закон, за плаќање сметки за струја. Ова е брука рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела