Стоилковски: Владата го суспендирала македонското право и прифатила арбитража по закони на Англија и Велс

Од:

Уште на четвртата страница од Договорот сокриен од владата, а до нас доставен од укажувачи, стои дека Владата при меѓународна арбитража прифатила да се пресудува според законите на Англија и Велс. Власта го суспендирала македонското право вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Во делот посветен на арбитража, “Побарувања, спорови и арбитражна” точка 20.7, страница 122 од Договорот што владата го крие, јасно е наведено дека во случај на арбитража за надминување на спор при реализација на Договорот, цитирам “конечна ќе биде одлуката на меѓународна арбитража во согласност со Правилата за арбитража на Меѓународната стопанска комора” , а подолу се прецизира дека Седиштето на арбитражата ќе биде во Париз,Франција, пред Меѓународниот арбитражен суд на Меѓународната Стопанска комора, а ќе биде пременето Материјалното право на Англија и Велс. Јазикот на кој ќе се користи арбитражната постапка ќе биде на англиски јазик. Наведено е и дека ќе има тројца арбитри, по еден од двете страни и еден избран заеднички, рече Стоилковски.

Вториот аспект вели Стоилковски е што канцеларијата на компанијата е со адреса во Лондон, што како што вели значи има огромна предност во познавањето и практицирањето на вакви закони при спорови.

– Трет аспект е тоа што владата при склучување на најголемиот договор со најголем финансиски товар врз буџетот, во услови на криза и инфлација, во услови на економски колапс, потпишува договор со којшто го суспендира македонското право. Македонија и до сега имала договори, и до сега имала случаи на меѓународни арбитражи, но секогаш се воделе по континентално право, на коешто и припаѓа и македонското право. И најважниот аспект и воедно прашање е како владата се одлучила да го суспендира македонското право, кога проектот се изведува тука во Македонија, а би требало да важат правото на Англија и Велс. Трошоците во случај на спор би биле неколкукратно поголеми, а предноста на компанијата очигледна рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела