Стоилковски: Ако Владата не го разреши Зиков, може да се разбере дека фото-пораката е направена од некое владино спонзорирано гоштевање платено од буџетот

Од:

„По недоличните и крајно безобразни навреди на Љупчо Зиков, именуван од владата на функција директор во МЕПСО со примања од 80 илјади денари добиени од граѓаните, владата на Димитар Ковачевски мора експресно да го разреши, но и владата јавно да се извини за навредите од својот функционер“, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на социјалните мрежи.

„Се поинаку може да се разбере дека истите навреди се нарачка и поддржани лично од Ковачевски, но и дека фото-пораката е направена и испратена од некое заедничко владино спонзорирано гоштевање платено од буџетот.

Што не е чудо, ниту за прв пат.

Такво веројатно беше и шетањето на Зиков во Белград на Саемот за храна и вино, за што владата даде 400.000 евра.

Се уште нема одговор што бараше Љупчо Зиков, директор на МЕПСО, на Саем на храна и вино во Србија, во работен ден, додека државата тоне во енергетски мрак и катастрофа?

* Фотографија објавена од Љупчо Николовски на Фејсбук од Саемот за храна и вино, Белград, 1 септември 2022 г, ден четврток

Зошто тој ден, ако не и сите три дена, Зиков не беше на работа, кој му го платил патот и сместувањето во Белград, дали можеби и дневници земал за патување?

Без одговори и одговорност, “Паразитите” ја изедоа државата со бифтеци и скапи вина, а кон граѓаните што го полнат буџетот за тие да земаат илјадници евра ќе им порачуваат “да јадат ….”!“, додава Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ