Стоилковски: Три милиони евра од буџетот за семејната фирма на Александар Филиповски-Цанде

Од:

Семејната фирма на Александар Филиповски-Цанде, кандидатот на СДСМ за Аеродром, од буџетот зема речиси три милиони евра. Три милиони евра од буџетот за фирма на кандидатот на СДСМ за Аеродром. На два дена пред крајот на кампањата медиумите објавија за набавка вредна 2.9 милиони евра набавка од ЈП „Македонија пат“ на возила за чистење снег од „Технокомерц“, семејна фирма на Александар Филиповски – Цанде, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес конференција.

„ЈП „Македонија пат“ купува возила за чистење снег од семејната фирма на Филиповски – Цанде, кандидатот на СДСМ за Аеродром,„Технокомерц“.Сумата е 177 милиони денари 2,9 милиони евра. „Македонија пат“ соопштува дека набавката е направена „по подолг период“, а нема одговор зошто сега, кога Филиповски е во кампања. Според информациите, парите на „Македонија пат“ и се пуштени од Владата, од ланскиот буџет, а набавката е направена без електронска аукција. Добиени биле две понуди со иста вредност, ама одбрана е фирмата на Филиповски. Фирма во рацете на лица – политичари од транзицијата, татко и чичко на Цанде, пари од буџетот за семејната фирма каде стои потписот на братучед на Цанде Филиповски“ – вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ