Стоилковски: Спасовски не смее повеќе да се крие, мора да има одговорност за криењето на фактите за пукањето во Чаир

Од:

„Mина уште еден тажен и срамен ден за Македоднија со МВР под Оливер Спасовски. Ден во молк и ден во криење на одговори и факти, дали Ариф Асани, втор човек во БЈБ е оној во сината кошула на видеото кој што го ослободува пукачот кон полицијата во Чаир? Измина уште еден ден без одговори и одговорност од Оливер Спасовски и МВР заради молк и сокривање на криминогени дејства, пукање, лажни извештаи, криење на видео снимка како доказ, учество на функционер во БЈБ од ДУИ во ослободување на лице приведено по пукање“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Полицијата е претворена во сервис на СДСМ за заштита на мафијата и криминалот. Само и само за гола власт, со Оливер Спасовски и СДСМ на чело на МВР, криминалци со врски во ДУИ вадат пиштоли и пукаат кон униформирани полицајци по контрола на автомобил на којшто има, внимавајте, таканаречени полициски флешери. Само и само за гола власт, Оливер Спасовски и СДСМ ја ставаат полицијата и МВР во подредена ситуација пред криминалот.

Оливер Спасовски и СДСМ мислат дека ако молчат, вистината нема да излезе на виделина. Така беше со дрогата во Прилеп, така беше со пасошите за мафијашите, така беше со убиството на ракометарот. Така молчат и сега. За Оливер Спасовски и СДСМ, системот Сејф Сити го има и постои само за набавка на софтвери и за политички притисок врз неистомисленици.

Почитувани, Оливер Спасовски е должен да одговори за видео снимката на социјалните медиуми, да одговори за вмешаноста на заменик директорот на БЈБ во случајот, да одговори дали за пукачот цела година имало документ за апсење заради одлежување затворска казна, да одговори дали и доколку е така зошто полицискиот извештај не се совпаѓа со снимениот настан?

Спасовски не смее повеќе да се крие, мора да има одговорност за криењето на фактите за пукањето во Чаир.

Почитувани премногу е. Со Спасовски и СДСМ полицијата стана срам за државата, само и само за гола власт на СДСМ. Полицијата со Спасовски и СДСМ е ставена во служба на мафијата само и само за гола власт. Наместо гарант за безбедност, полицијата стана гарант за криминогени дејства, само и само за гола власт на СДСМ. Оставки и избори веднаш!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања