Стоилковски: Спасовски да одговори дали постои видео како Ариф Асани влијае за пуштање на пукачот во Чаир?

Од:

„СДСМ и МВР на Оливер Спасовски молчат за каубојската оружена пресметка во скопски Чаир. Вчера не одговорија дали за лицето коешто пукало кон полицијата заради контрола на возило и потоа е ослободено, е осудено за истото дело и веќе цела година има наредба до СВР Скопје да биде приведено за издржување на затворската казна?“, праша Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оливер Спасовски повеќе не смее да се крие и како прв човек на МВР, мора да одговори: Дали Ариф Асани, функционер на ДУИ и втор човек во БЈБ, е снимен од камерите на системот „сејфсити“, од безбедносните камери, вечерта на местото на пукањето во Чаир?

Дали заменик директорот на Бирото за јавна безбедност е снимен од камерите како трча кон полициските службеници, а тие по разговор со него го пуштаат лицето да замине?

Дали постои снимка од системот „сејфсити“ на којашто се гледаат полицајците и Ариф Асани, а на снимката нема други лица?

Дали полицајците во своите службени белешки прикриваат дека Ариф Асани влијаел тие да го ослободат лицето, па е наведено дека „поголема група на граѓани ги попречила да го приведат лицето“?

МВР под Оливер Спасовски не смее да биде испостава на СДСМ и да служи за самоволие на ДУИ. Доколку врхушката на СДСМ сакаат, тие може да бидат заложници на ДУИ, но Македонија ниту било кој граѓанин не смее да биде заложник, само и само за гола власт на СДСМ. Со СДСМ, наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност.

Оливер Спасовски, доста се криеш, ова е огромен скандал. Македонија не смее да биде мафијашки рај за ти да бидеш министер! Премногу е!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО