Стоилковски: СДС го турка ЕЛЕМ ТУРС во стечај заради долгови, а отвора две фирми, за директорот на ЕЛЕМ ТУРС од ДУИ и за шоферот на Васко Ковачевски од СДС

Од:

„СДС се уште молчи зошто во стечај турка едно претпријатие во државна сопственост како ЕЛЕМ ТУРС, без работа остава околу двесте вработени, за да отвори две нови фирми ќерки на државниот ЕЛЕМ со иста дејност, давајќи ги на блиски лица?“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Единственото државно претпријатие ЕЛЕМ водено од СДС, го затвора, става во стечај ЕЛЕМ ТУРС, како непродуктивно и создавач на долгови, а истовремено отвора две исти фирми ќерки со иста дејност – туризам и угостителство, со поделба на хотелите и туристички капацитети на Попова Шапка, Маврово, Дојран, Охрид и Струга.

Како е можно ЕЛЕМ ТУРС да се затвора како непродуктивно, а истовремено за една од двете нови фирми, Ски Центар Попова Шапка, да се најавува стратешка инвестиција и долготрајна концесија? Уште повеќе, прв човек на новата фирма за која е најавена инвестиција, е токму досегашниот директор на турнатата фирма во стечај, Адем Авзиу? Како сега ќе знае да работи рентабилно со новата фирма, а не знаел со ЕЛЕМ ТУРС?

Значи СДС го турка ЕЛЕМ ТУРС во стечај заради долгови, а на директор на ЕЛЕМ ТУРС му отвора нова фирма со имот на ЕЛЕМ ТУРС, Адем Авзиу кадар на ДУИ!

Втората фирма – ЕСМ Молика е оставена на Миле Вељановски, сопартиец, личен пријател, семеен другар и шофер на Васко Ковачевски!

Внимавајте, шоферот на Васко Ковачевски, добива и ќе водел државна фирма за угостителство и туризам, со капацитети во Дојран, Охрид, Струга, државната фирма ЕСМ Молика!?

И уште еднаш:

СДС го турка ЕЛЕМ ТУРС во стечај заради долгови, а отвора две фирми, за директорот на ЕЛЕМ ТУРС, кадар на ДУИ и за шоферот на Васко Ковачевски, сопартиец и другар од СДС Битола!

Едно од најважните прашања е зошто при поделбата на двете фирми, 200 веќе вработени лица од ЕЛЕМ ТУРС не се преземаат во новите фирми, туку или се избркани од работа, или им се нуди времено вработување по системот – земи или остави?

Целта е јасна.

По теркот на мрачната транзиција, се турка стечај, наводна нерентабилност на државна фирма, се приграбува имот, се бркаат 200 вработени, останува неисплатен долг на доверители од околу 150 милиони денари.

Но, се добиваат две фирми, хотели, туристички капацитети, на Шапка, Маврово, Дојран, Охрид, Струга се добиваат инвестиции, и можности за партизација, огласи за вработувања, и секако можност за приватизација на државен имот!

СДС не може да излезе од матрицата на мрачната транзиција, уништување и грабање, од шемата на лаги и партизација. Само избори се спасот!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата