Стоилковски: Поднесена е пријава до ДКСК за Ацевски за скандалозната набавка на битумен

Од:

До ДКСК деенска поднесовме претставка за набавката на битумен од Костадин Ацевски, кадар на СДСМ, во име на Македонија пат. Ацевски потпишал договор во којшто од тендер вреден 10 милиони евра, прифатил само за транспорт да плати 4,5 милиони евра, речиси половина од овој тендер се за транспорт објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Во прилог на оваа претставка го поднесовме и договорот за јавната набавка, каде што се гледа методологијата, според која што има фиксен и променлив дел. Променлив дел е цената на битуменот, заради берзанските цени, додека фиксниот дел се однесува на транспортот, маржите и давачките, и којшто дел всушност ја определуваат најповолната понуда на тендерот за вакви набавки. Случајот е јасен, има еден понудувач со нереална цена, во услови на криза, за тендер во којшто речиси половина од парите одат за услуги и за транспорт. Законот за јавни набавки е дециден и членот 114, насочува дека ако нема прифатлива понуда, или ако има понуда со цени понеповолни од пазарните цени, Договорниот орган, во случајот „Македонија пат“, може да ја поништи постапката за јавната набавка. Очекуваме ДКСК но и ЈО најитно да отворат предмет и да дадат одговор за овој случај. истовремено, овие институции да наложат прекинување или поништување на оваа постапка, за што имаат мандат, и да одговорат на логичното прашање каде завршиле или би завршиле овие пари вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски