Стоилковски: Петре Шилегов ги загуби изборите, ама постави лифт во дивоградбата

Од:

Петре Шилегов ги загуби изборите за Скопје, ама си постави лифт за време на изборната кампања во својата дивоградба. Вградување на лифт во четирикатница, чини колку двегодишни градоначалнички плати во Град Скопје. Шилегов поставил лифт од луксузните гаражи за луксузните возила до дивоградбата на четвртиот кат вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„Скопје пропаѓа, додека Петре Шилегов во 4 години изгради вила од 300м2 на Маврово, има нови возила во вредност од 130.000 евра, а семејната куќа ја претвори во зграда од 4 ката на диво, без дозвола за градба. Се тоа со градоначалничка плата. Фирмата на Петре Шилегов, барем според податоците за приход, е на раб на банкрот, на пример во 2019-та година имала ќар од само 5.000 евра. Скопје пропаѓа, а Петре Шилегов, гради во Карпош без документи, а од јавноста ги крие фирмите кои веќе половина година работат тука кај него“ – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”