Стоилковски: Одобрил ли Каришиќ од МВР дозвола за оружје на криминалец од листата безбедносен ризик?

Од:

Убиства, пукање, брутални ликвидации, исчезнати, киднапирани, крвави бегства од затвор, Македонија се претвори во мафијашки терен затоа што институциите наместо да го гонат криминалот тие шуруваат со него. Полицијата со Оливер Спасовски и со Сашо Тасевски се претвори во огранок на мафијата рече на прес конференција портапролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Десната рака на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, началник на крим полицијата, Музафер Каришиќ е и член и претседател на комисијата за издавање одобрение за набавување на оружје. Оттука, Спасовски и Тасевски мора да одговорат: Дали е можно одобрение за оружје полицијата да издаде на лицето Шукри Асани, според полицијата, осомничен за транспорт на кокаин, член на криминалната група од Грчец, меѓу првите десет за проверка на листата Безбеден град? Дали Шукри Асани, лице од листата за проверка, може да има одобрение за оружје од комисијата водена од Каришиќ? Одобрил ли Каришиќ од МВР дозвола за оружје на криминалец од листата безбедносен ризик вели Стоилковски.

Тој праша и како е можно полицијата да формира комисија за да му се издаде дозвола за набавување на оружје некому којшто е на листата за проверки односно, некој којшто е во врвот на листата криминалци со тежок криминал на реонот на град Скопје и коишто треба да се покриваат, следат и обработуваат согласно планот Безбеден град.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче