Стоилковски: Обвинителството за организиран криминал да отвори истрага за нападнатиот полицаец ноќта на 3 јуни

Од:

„Во интерес на јавноста и во интерес на МВР е ЈО за организиран криминал да отвори истрага за сиот случај ноќта од 1:45 минути на трети јуни, кога при акција на ЕБР во Градски парк пред дискотека, нападнат, фатен за врат и тепан со боксови е полицаец, група од четири лица е приведена во полициска станица Карпош заради наркотици. Но кривично правниот настан (нападот) е заведен дури во 6:30 минути сабајлето, цели пет часа подоцна, и во него се споменуваат три лица!“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„ЈО за организиран криминал мора да ги расчисти околностите за коишто постојат многу индиции, а фрлаат огромен сомнеж за партизација, самоволие, неказнивост и злоупотреба на МВР.

Наместо соопштенија од МВР, во интерес на јавноста е ЈО за организиран криминал да одговори, и тоа по редослед;

· Зошто во ПС Карпош минуваат 5 часа од записникот за приведување на 4 лица, до заведувањето на нападот врз полиција со вклученост на 3 лица?

· Дали во попречувањето на полициската акција во Градски парк, пред дискотека, учествувал и синот на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски?

· Дали имало присуство и лично на директорот на БЈБ Сашо Тасевски?

· Дали има злоупотреба на овластувања и е правен притисок врз ПС Карпош од директорот на БЈБ, Сашо Тасевски или негово семејство, за изземање на лице од случајот, односно менување факти?

Премногу скандали се поврзани со недозволено оружје, недозволени материи, недозволиво однесување и сето тоа е проследено со неказнивост, што се поврзуваат со директор на БЈБ!

Сашо Тасевски единствено има партиска заслуга за позицијата, а молкот на институциите кон овие скандали е потврда за постоење на неказнивост!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче