Стоилковски: Нов тендер од ќерка за татко, нови 900.000 буџетски евра од Пановска за Пановски

Од:

Македонија е црна дупка во здравството, најцрна дупка во економијата, ама власта не застанува со корупција и со криминал во здравството, дури и врз грбот на најнесреќните. Нема нова болница, ама има нов тендер од ќерка за татко, речиси еден милион евра! Клиниката за хематологија водена од омилената директорка на СДСМ, Ирина Ставридис Пановска, дала тендер на Пановски за набавка на лекови вредни над 55 милиони денари рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Истата шема е разработена уште од 2018 година, за тоа постојат и историја на прес конференции од тука од ВМРО-ДПМНЕ и поднесоци до институциите, ама антикорупциска и обвинителство си молчат. Оние за борба против корупцијата молчат и се кријат. За волја на вистината и ДКСК и Јавното обвинителство уште во 2018 отворија предмети за тендери вредни 3 милиони евра од Пановска за Пановски, ама до сега нема ништо! И тој молк, остава простор за нови и нови корупциски скандали и за нови договори како овој од клиниката за хемотологија Скопје до А.Д. Др. Пановски вреден речиси 1 милион евра.ова е срамно, понижувачко, недостоинствено, па и нечовечко да се заработува врз грбот на несреќни и болни! А молкот од институциите значи само едно- Молкот значи одобрување вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му