„Криминалниот картел секојдневно ја пустоши Македонија.
Неофицијалниот документ кој кружи во ЕУ ја прикажува вистинската слика за последната година во Македонија и детално наведува дека Зоран Заев и Радмила Шекеринска вклучително и нивните партнери од ДУИ, немаат ниедна клучна реформа која би ги задоволила стандардите за почеток на преговори за членство! Се што стори СДСМ изминатиот период, не од шест, туку од 12 месеци, е груба манипулација со граѓаните спроведувана преку т.н. Министерство за вистина!
За тоа се и самите свесни, затоа и денес порачуваат дека очекуваат чуда, односно како порачал министерот за надворешни работи од Брисел „Чуда се можни“. Чуда и се неопходни на Македонија, но за да ја преживее оваа ненародна власт, бидејќи освен расипништво и трговија со највисоките државни и национални интереси буквално ништо не видовме овие година дена. И Европа го знае тоа за што и во СДСМ им е јасно, тоа за што и од ВМРО-ДПМНЕ се упатуваше: дека нема реформи, дека не може премиерот од обвинителна клупа за корупција да биде на чело на тело за реформи во правосудството!“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Смените на министрите за образование, правда и култура покажуваат дека нема никаков реформски исчекор побаран од ЕУ и очекуван за почеток на преговорите. Таквите смени по една година се признание дека ништо не е направено во овие ресори. Ова е потрошена година за Македонија под водство октроираната власт!
ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека сето ова ќе се случи, дека нема реформи, дека сите проекти се застанати, дека здравството трпи заради инаетење, дека инфраструктурата трпи заради инаетење, дека економијата трпи заради незнаење, дека пензионерите се ускратени заради незнаење, дека странските инвестиции застанаа заради инаетење, падот на невработеноста застана заради незнаење, јавниот и државниот долг ги минаа сите граници.
Се застана, само судството трпи реформи водени од картелот на власт. Судството ставено во улога на џелат за политички прогони и ослободување на врвот на коруптивното однесување. ЕУ го гледа тоа, а во Брисел се немилосрдни!
Му се допаѓало на СДСМ или не, Македонија не е на вистинскиот пат и тоа е препознаено од целиот демократски свет и земјите членки на Европската унија. Затоа и овој нон-пејпер го плаши СДСМ чиј што шеф на дипломатијата се надева на ЧУДА!
Лагите и манипулациите од министерството за вистина се удрија во ѕид. Македонија тргна напред само во распродажба на националните и државни интереси. И тоа е препознаено од сите, и во Македонија и во европските држави, освен од картелот на власт воден од СДСМ.
Каде е знаењето на Шекеринска со кое за шест месеци ќе беа отворени преговорите за членство со Европската Унија?
Каде е потегот даден во ветување лично од Заев дека ќе го зачува Уставот при разговорите со Грција?
Кристалната препорака се претвори во шарени стакленца кои власта ги нуди на народот во замена за државата, јазикот, историската и културна посебност!
Ветувањата за живот се претворија во јамка за бесење на националната гордост, за бришење на македонската историја, за продажба на културната посебност.
Затоа порачуваме дека смените на неспособните министри во ресорите култура, правда и образование не се доволни. Одговорност треба да сноси и тој што ги именувал, чија политика реализирале. Одговорноста за една година стагнација и регрес треба да дојде од врвот“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.