Стоилковски: На тендер од 10 милиони евра за битумен за Македонија пат, над 4 милиона евра повеќе за транспорт

Од:

За набавка на битумен од Македонија пат, на тендер од 10 милиони евра, заради крајно високи и непазарни цени во документацијата, постои сомнеж за криминална заработка од над 4 милиона евра. Македонија пат на 9 мај склучила договор за две години со компанијата Топ Билд ДООЕЛ од Скопје, член на група: Хифа Оил од Тешањ – БИХ, како носител на набавка на 9.350 тони битумен. Тоа се вкупно, броено во цистерни 374 цистерни за транспорт по 25 тона битумен рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Цената на битуменот се гледа на берза, и таа е еднаква за сите и изнесува 592евра за тон. Тоа што е променливо и што ги прави промените во цените при набавка, се трошоците во делот за транспорт до оној што го порачува, давачки кон државата и заработка од транспортот. Македонија Пат склучила договор од 1069 евра за тон вкупно, па ако се иземе цената на битуменот од 592 евра, излегува дека трошоците за транспорт се 487 евра за тон. Или помножено со 25 тона, тоа се 12. 175 евра за цистерна, со што вкупно, за сета набавка се добива сума од речиси 4,5 милиони евра за транспорт. За споредба, ЈП Улици и патишта Скопје пред 2 месеца склучува тендер за битумен во која што документација за една цистерна битумен се добива за 1.185 евра, Македонија пат според договорот за 12.175 евра. Тоа се безмалку 11.000 евра разлика во цена по само една цистерна. Набавката е за 374 цистерни, пресметано во пари, тоа е над 4.милиони и 100.000 евра само од разликата во цена меѓу Македонија пат и Улици и патишта од Скопје рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот