Стоилковски: Ковачевски и Маричиќ го газат начелото за меѓусебно почитување и реципроцитет

Од:

„Согласно владиниот став искажан од Бојан Маричиќ очекуваме денеска во владата да биде искажан совет до бугарскиот премиер дека не е работа на Бугарија да, цитирам „да кажува каде какво малцинство има во регионот“, и дека „тоа е внатрешно прашање на сите држави во регионот“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Маричиќ и Ковачевски од една страна се оградуваат од Македонците во Бугарија, велат дека тоа е внатрешно прашање на Бугарија, а истовремено виткаат кичма пред диктатот на Софија за промена на македонскиот Устав, отворање на преамбулата.

Второ и многу важно, е Маричиќ и Ковачевски да кажат дали прифатиле Анекс договор којшто ќе ги преформулира членовите на Договорот за добрососедство, согласно коишто би се променила улогата, формата и целите на комисијата за историски прашања. Маричиќ јасно посочува „нова форма“ и го поставува прашањето дали таа комисија воопшто ќе егзистира, и во која форма“.

Ова почитувани може да значи само едно, а тоа е промена, односно Анекс на договорот, за којшто Владата крие и молчи.

Пиуните на Заевизмот од прв ден ги нарушија позициите на Македонија. Маричиќ и Ковачевски продолжуваат со националните понижувања, што беа одлика на Зоран Заев.

Пиуните на Заев, и Ковачевски и Маричиќ, го газат начелото за меѓусебно почитување и реципроцитет, како основа за добри меѓусоседски односи. Срамно и недостоинствено е однесувањето на потпретседател на Влада кое што преставува и континуитет на срамните политики на заевизмот.

Ова е бедно и срамно. Заевизмот ги загрозува македонските национални и државни интереси, и затоа што поскоро мора да биде поразен на избори“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ