Стоилковски: Каков дебакл за СДС и срам за АРМ и НАТО, дезертерот Ковачевски вработува професионални војници преку партиските штаб

Од:

„Каков дебакл за СДС, партија која што ја води дезертер, повикува граѓани да се вработат како професионални војници, преку партиски штабови, со пријава кај партиски функционери. Пред само еден час, на фејсбук страницата на СДС Арачиново е објавено известување до членовите на тој огранок, со повик сите кои што се јавиле на огласот за прием на војници во АРМ да се пријават кај претседателот на огранокот и раководството на истиот. Ова е дебакл и срам за Армијата. Ова е срам за НАТО. Ја повикуваме Славјанка Петровска веднаш да си поднесе оставка. Петровска ја посрамоти и АРМ и НАТО“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, ова е и работа која не може да помине без знаење на дезертерот Ковачевски и неговиот калфа Миле Зечевиќ. Тие се директно одговорни, бидејќи партиските претседатели одговараат директно пред нив. Дезертерот Ковачевски, калфата Зечевиќ и Славјанка Петровска директно го загрозуваат НАТО, колективната безбедност и кредибилитетот на Алијансата.

Ова е срам за Владата, срам за АРМ. Потребни се оставки веднаш. СДС ги користи партиските ограноци како центри за вработување и центри за регрутација на војска, а вработување добиваат само партиски подобните, не квалитетните, туку тие кои ќе добијат дозвола од партискиот претседател и локалното раководство на СДС.

Ова е доказ дека пред кандидатот за било кое работно место да отиде на интервју, тој треба да отиде во партискиот огранок на СДС. Ова е доказ како функционира власта. Ова е доказ дека институциите се заробени и дека не постои мерит систем, туку партократија.

Вработување добиваат само тие што ќе бидат одобрени од ограноците од штабот на СДС. Ова е причината и зошто за 8 години Македонија ја напуштиле над 700.000 млади луѓе. Македонија не може да продолжи со СДС. Со СДС имаме само криминал, корупција, и вработување по партиски клуч.

Потребни се предвремени избори час поскоро. Вработување по партиски клуч со препорака од партиски штаб и пријава кај претседател на партиски огранок на СДС мора да стане минато. Избори веднаш“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски