Стоилковски: Како фирма блиска на Рашковски земала тендери вредни 850.000 евра од Дрисла?

Од:

„Како фирма блиска до Рашковски земала тендери вредни 850.000 евра од Дрисла? Како во време на СДСМ, додека со Дрисла управува Коста Начевски, роднина на Рашковски и функционер на СДСМ, фирмата Алпима Градба на Александар Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заеви и роднина на Рашковски склучува договори за изнајмување на машини со јавното претпријатие, за што му се исплаќаат близу еден милион евра“, праша Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Фирмата Алпима Градба, сопственост на Пиперевалиев, од Струмица, близок до Рашковски, со само два договори од 2019 и 2020 година успева со изнајмување на машини да оствари приход од Дрисла близу еден милион евра?

Како токму фирмата од Струмица, блиска до Заеви и до Рашковски го добива тендерот за изнајмување машини во Дрисла? Дали за Алпима Градба е менувана тендерска документација во отворена постапка?

Како тече постапката и како се мести тендерот за струмичката фирма? Одговор ќе ви дадам сега.

Според договорот од 2020 година, вреден над 12 милиони денари, и тоа е првата работа откако Дрисла станува ЈП и со претпријатието почнува да управува Коста Начевски. Се распишува оглас за изнајмување на механизација, којшто првично содржи услови за заинтересираните да имаат минимален годишен приход од 20 милиони денари годишно три последователни години, последните години, да имаат најмалку 12 вработени и други критериуми коишто замислете додека е отворена постапката, се менуваат и се бришат! Односно огласот почнува да ги добива контурите токму како на фирмата на Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заев и роднина на Драги Рашковски, во тој момент генерален секретар на Владата.

Вториот спорен момент е што за договорот меѓу Дрисла и фирмата на Пиперевалиев е прекршен Законот за јавни набавки и договорот е склучен во четири очи.

Додека државата тонеше економски, здравствено, образовно, и на секое поле, СДСМ тера бизниси во чија што основа лежат криминал и корупција. Се менуваат услови на тендери во отворена постапка, а бизнисите ги делат братучеди и роднини на функционери од владата. Тоа беше тенденцијата и сликата за владеењето на СДСМ изминативе пет години, тоа е сликата која што се уште не е сменета. Единствена промена ќе дојде со предвремени, брзи парламентарни избори“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање