Постои предумисла и намера во Ѓорче Петров да се направи набавка по екстремно висока нереална цена, 25.500 евра за две машини за перење. Набавката е распишана од градинката Росица водена од кадар на градоначалникот од СДСМ, Александар Наумоски.Паничната реакција од Општината водена од Александар Наумоски, во којашто тој се оградува од набавката и објавува дека таа нема да се реализира, односно најавува поништување на договорот- се доволен индикатор за сомнеж за ова ЈО да преземе мерки рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„ Договорот содржи клаузули за обештетување доколку договорот се прекине или не се реализира. Tендерот и договорот за машини за перење од 25.500 евра открива можност за добро разработена мрежа. Станува збор за добитник на тендер, фирма од Ѓорче Петров редовен добитник на тендери во општината на Александар Наумоски. ДОН ХОЛДИНГ Дооел Скопје, друштво со ограничена одговорност на edno лице, по големина мал субјект, со дејност товарен патен сообраќај. Само во април и мај има 4 тендери со Општина Ѓорче Петров и со градинката Росица. Тендери во вредност од 185.000 евра“ – вели Стоилковски.