Стоилковски: ЈО да отвори предмет за МВР за тендерите од милион евра

Од:

Институциите за справување со корупцијата молчат пред скандалот во МВР, откако стана јасно дека мала фирма за камионски транспорт добива тендери од еден милион евра, и тоа тендери не за транспорт туку за водоинсталатерски работи и набавка на соларни панели.Уште повеќе молкот од ДКСК и молкот од ЈО доаѓа откако стана јасно дека овие два тендери доделени на неспецијализирана фирма, ДООЕЛ на еден човек, биле спроведувани во предизборен период рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Уште еднаш ова се документите, ова се договорите, двата договори вредни еден милион евра за сончеви панели и водоинсталатерски работи, ова се податоци од централен регистар и УЈП. ЈО не смее повеќе да молчи и да дозволува да царува криминалот и корупцијата со злоупотреби на институциите за државна репресија, институција како министерството за внатрешни работи. Документите се јавно достапни, ЈО мора да отвори предмет за МВР, за двата тендери вредни еден милион евра,вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела