Стоилковски: Груби манипулира за дивоградба од преку 160 м² без одобрение

Од:

Артан Груби манипулира за дивоградба од преку 160 м² без одобрение. Во Бутел, во Радишани, од општината е сопрена започната градба на диво за која што има основано сомневање дека зад неа стои Артан Груби, а градител е негов братучед рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Артан Груби злоупотребува партиски соопштенија и повикува на етнички мотивирани дејства, само затоа што е сопрена дивоградба.Кога Груби преку партиски соопштенија ја манипулира јавноста дека наводно некој забранува Албанци да градат во општините, притоа злоупотребувајќи го албанскиот етникум за политички цели, Артан Груби мислел на семејната дивоградба, градба за која се уште нема дозвола. Се додека Артан Груби смета дека етничката припадност е професија и е основа за неказнивост тој нанесува штета и на државата и на Албанците, и на сите во Македонија. Никој веќе не им верува на неговите приказни. По деловниот простор на неговиот брат, по фирмата за баждарење, по продажбата на хотелот на Попова Шапка, по тендерот за надзор вреден 22 милиони евра, сега и дивоградба станува дел од портофолиото скандали на Груби и редно време е обвинителството да се позанимава посериозно со овој лик вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Катерина Ѓуровски

Судот го одложи рочиштето за „Државна лотарија“ по приведувањето на Перпарим Бајрами, судењето продолжува на 18 септември

Перпарим Бајрами се предаде на „Блаце“, спроведен е во затворот „Шутка“

Горан Наумовски

По повеќе од една година мината во бегство: Перпарим Бајрами и се предаде на полицијата

Горан Наумовски

Груби не чувствува вина за случајот со злоупотребите во „Државна лотарија“

А1он