Стоилковски: Директорка на ЈП од СДСМ распишала тендер за мала хидроцентрала среде избори, единствен понудувач и добитник е директорот на ТЕЦ Неготино

Од:

Директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДСМ, Небојша Стојановиќ од Неготино, преку неговата семејна фирма ХЕМ Алијанс чиј сопственик е неговиот татко, а управител неговата сопруга, во нетранспарентна постапка за јавна набавка, со низа пропусти и недоследности, успеал да добие тендер за изградба на мала хидроцентрала на системот за водоснабдување Лукар, преку јавно приватно партнерство со ЈП Комуналец Неготино рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Тендер на ЈП Комуналец, чија што директорка е Марина Бојаџиева, бил распишан и објавен на првиот ден од изборната кампања за локалните избори 2021 година, односно на 27.09.2021 година, што е во спротивност со Изборниот Законик кој децидно вели дека за време на кампања забрането е објавување на тендери од страна на јавни институции. Небојша Стојановиќ, користејќи го моментот кога целото внимание на јавноста е насочено кон изборите, од позиција на директор на ТЕЦ Неготино и висок функционер на СДСМ, веројатно се потпрел на своето партиско и политичко влијание за објавување на тендер во своја полза. И на тој тендер е и единствен понудувач! Директорката на ЈП Комуналец од Неготино Марина Бојаџиева, иако била пристигната само една понуда на овој тендер, не го искористила своето законско право да го поништи тендерот. Среќниот добитник за изградба на мала хидроцентрала на системот за водоснабдување Лукар е директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДСМ, Небојша Стојановиќ, вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ