Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Од:

Денеска е 14-ти ден од колапсот на Хирургија и колапсот на сиот здравстен систем во Македонија. 14-ти ден. И ден – петок. Што значи, со СДС/ДУИ, уште најмалку 4 дена, и тоа оптимистички, проблемот ќе трае. Бидејќи за нив нели, викендот мора да се истера, има поважни работи, како внатрепартиските интриги вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

14 дена. Ништо не е преземено, здравството во цела држава е во колапс. 14 дена, министерот Илир Демири ја префрла топката те на ЈО, те на колективна одговорност – владата на СДС/ДУИ. Од 12 директори и раководители, најголем број од нив по 7 години на таа позиција, не изустија ни збор, ниту чувствуваат одговорност, а се недопирливи за Илир Демири. Раководители по 7 години за што најмалку по два пати можеле да преземат акција да се санира Хирургија во целост. Срамно и недостоинствено, но својствено за СДС/ДУИ, нема грам грижа за пациенти, нема брза реакција да се санира Хирургија, ама има брза реакција за има провизии за вакцини, провизии за модуларни, црна трговија со лекови за рак. 14 дена, 12 оддели на хирургија, оставени во хаос, ништо не се презема. Клиниката за Хирургија е клучниот момент на Клинички, по правило врвот на здравствениот систем, а со ова терцијалното здравство во Македонија е доведено во колапс, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава