Стоилковски: Дали МВР регистрирала пиштол Глок на лице од листата „Безбеден град“?

Од:

МВР на Оливер Спасовски се обидува со молк да забошоти огромен скандал.Дали во МВР е регистрирано оружје, пиштол Глок, калибар 9 милиметри, на лице со одобрение за оружје, Шукри Асани од Сарај, роден 1996 година праша на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Дали Шукри Асани од Сарај, роден 1996 година, е во првите пет на листата „Безбеден град“ за следење, листа на топ 50 поврзани со тежок криминал? Комисијата за дозволите, одобренијата за оружје е составена од Оливер Спасовски, а водена од неговиот пулен Музафер Каришиќ. Скандалот е уште поголем со тоа што токму Каришиќ е творец на планот „Безбеден град“! Творецот на овој план и список дава дозвола за оружје на лице во врвот на овој план и список. Молкот повеќе не е опција за Спасовски, ниту за МВР, молкот е само обид да стивне скандалот којшто открива поврзаност, шурување на врвот на МВР на Спасовски со криминалот вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела